Оваа политика на приватност дава општи информации за обработката на лични податоци кои Министерството дигитална трансформација на Република Северна Македонија ги собира преку веб страницата mksafenet.mk
Заштитата на вашите лични податоци е наш приоритет. Оваа политика за приватност ги објаснува начините на собирање, обработка, и заштита на вашите лични податоци при користење на веб-страницата mksafenet.mk, во согласност со Законот за заштита на личните податоци (“Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 42/20 и 294/21).
Со користење на оваа веб-страница, вие се согласувате со условите наведени во оваа политика за приватност. Ве молиме прочитајте ја внимателно.
Контролор на збирки на лични податоци
Контролор на личните податоци е Министерството за дигитална трансформација на Република Северна Македонија (во натамошниот текст: Министерство), со седиште на булевар „Св. Кирил и Методиј“ бр. 54, 1000 Скопје, Република Северна Македонија.
телефон: +389 3 200 999
e-пошта: cabinet@mdt.gov.mk
Начин на обработка на личните податоци
Министерството собира и обработува лични податоци од посетителите на веб-страницата mksafenet.mk во следните случаи:
1. Пополнување на контакт форми
Категории на податоци: Име, презиме, е-пошта, телефон (доколку е предвидено), и содржина на пораката.
Цел: Обезбедување одговори на вашите прашања, предлози или забелешки.
Основ: Вашата согласност.
2. Користење на услуги достапни на веб-страницата
Категории на податоци: Лични податоци поврзани со регистрација, поставување прашања или пополнување анкети.
Цел: Исполнување на функциите на веб услугите.
Основ: Ваша согласност.
Обработката на вашата е-маил адреса е неопходна со цел да ви одговориме на Вашите барања. Активностите на обработка на личните податоци кои се собираат преку пополнување на контакт форма достапна на веб страницата на mksafenet.mk, се извршуваат од страна на вработените задолжени за извршување на предметните активности.
Со кого ги споделуваме овие лични податоци: Министерството за дигитална трансформација овие лични податоци не ги споделува, основен со случаи предвидени со Закон.
Колачиња (Cookies)
Веб-страницата mksafenet.mk користи колачиња за подобрување на вашето корисничко искуство. Подетални информации за употребата на колачиња се достапни во Политиката за колачињ
Пренос на лични податоци
Министерството за дигитална трансформација не ги пренесува вашите лични податоци на трети страни или во трети земји освен во случај на:
-Ангажирање на даватели на услуги ангажирани како обработувачи на лични податоци при што ќе бидат обврзани да постапуваат по упатствата на Министерство за дигитална трансформација и обезбедат заштита на личните податоци кои се обработуваат при обезбедувањето на тие услуги
-Барање на суд, полиција, органи на надзор или други органи и тела за вршење на нивните надлежности и тоа само ако постои законски основ за тоа.
Време на чување на собраните податоци
Податоците кои ги собираме се чуваат во согласност со закон и периодот потребен за постигнување на целта на обработката.
Безбедност
Министерството за дигитална трансформација презема соодветни безбедносни мерки за заштита од неовластен пристап или неовластена промена, откривање или уништување на податоците од корисниците. Тие мерки вклучуваат внатрешни прегледи на имплементација на политиките за информациска безбедност, вклучително и физички безбедносни мерки како заштита од неовластен пристап до системите кои што го овозможуваат техничкото функционирање на веб страницата.
Доколку, и покрај напорите вложени од страна на Министерството за дигитална трансформација за обезбедување на податоците, неовластено лице пристапи до личните податоци на корисниците, инистерството за дигитална трансформација ќе го извести субјектот на личните податоци и ќе ги преземе сите мерки согласно закон.
Во случај на нарушување на безбедноста на личните податоци, Министерството за дигитална трансформација веднаш, но најдоцна во рок од 72 часа откако ќе дознае за истото ќе ја извести Агенцијата за нарушувањето на безбедноста на личните податоци, како и субјектот на личните податоци кога за тоа се исполнети условите предвидени со Законот.
Кои се вашите права и обврски како субјект на личните податоци?
Според Законот за заштита на личните податоци („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 42/20 и 294/21) , Вие ги имате следниве права:
Право на пристап: Да добиете информации за тоа дали се обработуваат Ваши лични податоци и кои податоци се обработуваат.
Право на исправка: Да побарате корекција на неточни или непотполни податоци.
Право на бришење: Да побарате бришење на Вашите податоци кога тие повеќе не се потребни за целите за кои се собрани.
Право на ограничување: Да побарате ограничување на обработката на Вашите податоци.
Право на приговор: Да поднесете приговор на обработката на Вашите податоци.
Право на преносливост: Да ги добиете вашите лични податоци во структурирана, електронска форма.
За остварување на вашите права, можете да го контактирате нашите Офицери за заштита на лични податоци на е-пошта:
Мартин Неделковски
martin.nedelkovski@mdt.gov.mk
+389 78 250 730
Право на поднесување на барање до Агенцијата за заштита на личните податоци
Ако сметате дека начинот на кој Министерството за дигитална трансформација ги обработува вашите лични податоци ги повредува одредбите на Законот за заштита на личните податоци, можете да поднесете барање до Агенцијата за заштита на личните податоци како надзорно тело, согласно член 97 од Законот за заштитата на личните податоци.
Измена на политиката за приватност
Политиката за приватност редовно ќе се менува и дополнува соодветно на настанатите промени и нашите активности.
НАПОМЕНА: Со користење на оваа веб-страница, вие се согласувате со оваа Политика за приватност. Доколку не се согласувате, ве молиме да не ја користите веб-страницата.
Последен пат ажурирано на 25 јануари 2025
Центарот за безбеден интернет MKSafeNet се стреми да создаде побезбедно дигитално опкружување за сите корисници во МК. Нашата мисија е да обезбедиме алатки, ресурси и едукација за безбедно користење на интернетот, особено за децата и младите.
Обезбедуваме механизми за брзо и ефикасно пријавување на онлајн ризици и штетни содржини. Нашата платформа овозможува лесен пристап до алатки за пријавување, обезбедувајќи навремена поддршка за корисниците кои се соочуваат со онлајн закани.
Нудиме специјализирани ресурси и насоки за родители и старатели. Нашата цел е да ги оспособиме со знаење и вештини потребни за да ги водат своите деца низ дигиталниот свет, промовирајќи безбедно и одговорно користење на интернетот.
Нудиме специјализирани ресурси и насоки за родители и старатели. Нашата цел е да ги оспособиме со знаење и вештини потребни за да ги водат своите деца низ дигиталниот свет, промовирајќи безбедно и одговорно користење на интернетот.
Подигнуваме свест за одговорно користење на дигиталните технологии. Преку едукативни програми и кампањи, ги оспособуваме корисниците да ги препознаат онлајн ризиците и да развијат дигитални вештини за безбедно движење низ интернет просторот.