Презентација за сајбер безбедност - За младите над 18 годишна возраст

Оваа презентација е насочена кон младите над 18 годишна возраст и ги обработува напредните аспекти на интернет безбедноста кои се особено релевантни за оваа возрасна група. Преку детални примери и реални сценарија се објаснуваат најчестите закани како малициозен софтвер, фишинг напади, социјален инженеринг и кражба на идентитет. Дополнително, се презентираат практични совети за заштита – од користење двостепена автентикација и VPN, до безбедно онлајн плаќање и одржување позитивен дигитален отпечаток. Презентацијата е дел од едукативните програми на MKSafeNet за поттикнување на одговорно и безбедно користење на интернетот кај младите.

Skip to content