Паметен гејмер - Како да уживаш во игрите и да останеш безбеден

Едукативен ресурс кој ги учи децата како безбедно и одговорно да играат онлајн игри. Се обработуваат теми како онлајн пријателства, безбедност во чатовите, препознавање на непријатно однесување и важноста на паузите и балансот.

Децата учат:

  • дека не секој играч е оној што се претставува

  • што е соодветно да се пишува во чат

  • како да реагираат на навреди или непријатни пораки

  • кога е време да направат пауза

  • зошто балансот помеѓу игра, учење и одмор е важен.

Ресурсот промовира самоконтрола, дигитална писменост и здрави навики при играње.

Skip to content