Добре дојдовте на веб-страницата mksafenet.mk, управувана од Министерството за дигитална трансформација на Република Северна Македонија (во понатамошниот текст: Министерството).
Општи информации
Сите податоци и информации објавени на веб-страницата mksafenet.mk се од информативен карактер. Министерството не презема одговорност за евентуални правни последици кои би можеле да произлезат од користењето на овие информации.
Користење на веб-страницата
Со пристапувањето и користењето на веб-страницата mksafenet.mk, се согласувате со следниве услови:
Корисникот е одговорен за точноста и ажурирањето на личните податоци внесени на веб-страницата.Секое неточно или непотполно внесување на податоци е на ризик на корисникот.
Сите содржини на веб-страницата, вклучувајќи текст, графика, логоа, и софтвер, се сопственост на Министерството и се заштитени со законите за авторски права. Забрането е репродуцирање, пренесување или користење на содржините без претходна писмена дозвола од Министерството.
Безбедност
Корисниците се должни да ги чуваат своите кориснички податоци и лозинки. Министерството не е одговорно за неовластен пристап или користење на кориснички сметки.
Одговорности на корисниците
Корисниците се обврзуваат да не користат автоматизирани алатки или скрипти за собирање податоци од веб-страницата. Забрането е користење на сајтот за нелегални активности или активности кои можат да предизвикаат штета на Министерството или други корисници.
Ограничување на одговорност
Министерството не е одговорно за содржината на надворешни линкови кои може да бидат објавени на веб-страницата.
Интелектуална сопственост
Сите права на интелектуална сопственост поврзани со веб-страницата и нејзините содржини се сопственост на Министерството. Корисниците не смеат да ги користат овие материјали за комерцијални цели без претходна писмена согласност.
Измени на условите за користење
Министерството го задржува правото да ги менува овие Општи услови за користење во било кое време. Промените ќе бидат објавени на веб-страницата, а корисниците се должни редовно да ги прегледуваат истите. Продолжувањето со користење на сајтот по објавата на измените се смета за прифаќање на новите услови.
Електронска комуникација
Комуникацијата помеѓу Министерството и корисниците преку е-пошта или други електронски средства ќе се смета за валидна и може да се користи како доказ во согласност со важечките закони.
Приватност и заштита на податоци
Корисниците се должни да ги прочитаат и разберат принципите наведени во Политиката за приватност, која е достапна на веб-страницата. Министерството ги обработува личните податоци во согласност со Законот за заштита на личните податоци.
Контакт
За прашања или дополнителни информации, можете да не контактирате на:
Министерство за дигитална трансформација
Е-пошта: cabinet@mdt.gov.mk
Тел: +389 3 200 999
Овие услови за користење се последно ажурирани во јануари 2025 година.
Центарот за безбеден интернет MKSafeNet се стреми да создаде побезбедно дигитално опкружување за сите корисници во МК. Нашата мисија е да обезбедиме алатки, ресурси и едукација за безбедно користење на интернетот, особено за децата и младите.
Обезбедуваме механизми за брзо и ефикасно пријавување на онлајн ризици и штетни содржини. Нашата платформа овозможува лесен пристап до алатки за пријавување, обезбедувајќи навремена поддршка за корисниците кои се соочуваат со онлајн закани.
Нудиме специјализирани ресурси и насоки за родители и старатели. Нашата цел е да ги оспособиме со знаење и вештини потребни за да ги водат своите деца низ дигиталниот свет, промовирајќи безбедно и одговорно користење на интернетот.
Нудиме специјализирани ресурси и насоки за родители и старатели. Нашата цел е да ги оспособиме со знаење и вештини потребни за да ги водат своите деца низ дигиталниот свет, промовирајќи безбедно и одговорно користење на интернетот.
Подигнуваме свест за одговорно користење на дигиталните технологии. Преку едукативни програми и кампањи, ги оспособуваме корисниците да ги препознаат онлајн ризиците и да развијат дигитални вештини за безбедно движење низ интернет просторот.