Шерентинг: Кога споделувањето станува ризик

✨ Дали знаете што е „шерентинг“?
Во време кога секоја втора фотографија завршува на социјалните мрежи, „шерентинг“ стана навика , тоа е кога родителите прекумерно споделуваат фотографии, видеа или информации за своите деца онлајн.
Иако намерите се убави, да го споделите растењето, успехот или смешните моменти, понекогаш забораваме дека детето има право на приватност.
👉 Пред да објавите следна фотографија, запрашајте се:
• Дали ова би му пречело кога ќе порасне?
• Дали содржината открива локација, приватни моменти или чувствителни детали?
• Дали ја зачувувам неговата/нејзината дигитална безбедност?
Малите промени во нашите навики можат да значат голема заштита за нашите деца во иднина! 💛
 
Skip to content