Двофакторска автентификација - Дополнителен слој за заштита

Едукативен ресурс кој објаснува како функционира двофакторската автентификација (2FA) и зошто таа претставува важна заштита за онлајн профилите.

Материјалот им помага на младите да разберат дека лозинката понекогаш не е доволна за безбедност и дека дополнителниот чекор за проверка значително ја намалува можноста за злоупотреба на профилите.

Децата учат:

•зошто лозинките понекогаш не се доволни
• што е двофакторска автентификација (2FA)
• како функционира дополнителната проверка при најавување
• кои видови 2FA постојат (SMS код, апликација, биометрија)
• како да препознаат обиди за измама поврзани со кодови за најава

Ресурсот ја поттикнува свесноста за дигиталната безбедност и правилната заштита на онлајн профилите.

Skip to content